Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТРАЖУВАЊЕ: Кои се градовите со најскапа цена на станбен квадрат?

ИСТРАЖУВАЊЕ: Кои се градовите со најскапа цена на станбен квадрат?
Има градови кои се скапи, но има и такви во кои имотот е речиси неисплатлив. Истражувањето The 12 Cities Report на британската агенција Savills покажува дека во некои градови цените на недвижностите се дуплирани во рок од 5 години. На некои места купувачите треба да платат по 40 000 долари за квадратен метар. Како што покажува најновото рангирање, Лондон го отстранува Хонгконг од челната позиција и се претвора во најскапиот град во светот во однос на трошоците за живот и бизнис според аналитичарите од меѓународната агенција за недвижности Savills. Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија соопшти неодамна дека цените на куќите во главниот град и во другите региони на Островот се вратиле кон нивоата, забележани пред почетокот на светската финансиска криза во 2008 година Но, во однос на цената на недвижностите рекордер е Хонг Конг. "Оваа година се соочуваме со многу скромен раст на цените на недвижностите во речиси сите светски градови, а некои забележуваат и мали падови", вели Јоланда Барнс, директор на Savills World Research. 12 Рио де Жанеиро Пазарот на недвижности во Рио доживеа прекумерни стапки на раст во последните години. Причината е пред сè поголемата средна класа, високиот раст на кредитирањето и странските инвеститори. Луксузните имоти веќе се лицитираат по цена од 7000 долари за квадратен метар, додека нормалниот станбен имот е со цени од околу 1000 долари по квадрат. Иако цените се зголемија во последните шест месеци со 5,1 отсто, за исто време инфлацијата отскокнува со 6,5%. Реално на тој начин цените на недвижностите се паднати во првата половина на 2014 година. Развој на цените (1 полугодие): + 5,1%; од 2008 година + 218,5% Развој на кирии (1 полугодие): + 3,8%; од 2008: + 116,4% 11 Мумбаи По изборите во мај во индискиот Мумбаи повторно се вратија мирот и стабилноста. Цените на недвижностите направија мал раст. Цените на луксузните имоти се зголемуваат до речиси 7 000 долари за квадратен метар. За просечниот имот цената е речиси 3.000 долари за квадрат. Развој на цените (1 полугодие): + 3,1%; од 2008 година + 116,4% Развој на кирии (1 полугодие): + 2,0%; од 2008: + 30.0% 10 Сиднеј Куќите од масовната класа во австралискиот морски град се прилично скапи - по речиси 5 000 долари за квадратен метар. Во премиум сегментот цената достигнува 8 500 долари. Оваа година, сепак засега нема голем раст на цените и на наемните нивоа. Развој на цените (1 полугодие): + 1,1%; од 2008 година + 36,9% Развој на кирии (1 полугодие): + 1,0%; од 2008: + 33,4% 9 Дубаи Во ниту еден друг град цените на недвижностите не се зголемуваат толку брзо колку во Дубаи. Од почетокот на годината растот е од 22,8%. Но сепак цените се со 28,2% под рекордните вредности од 2008 година. Со тоа Дубаи го задржува својот имиџ. Премиум сегментот држи цена од над 10 000 долари за квадратен метар, а цените за "нормалниот" имот се околу 3 000 долари за квадрат. Развој на цените (1 полугодие): + 22,8%; од 2008 година - 28,2% Развој на кирии (1 полугодие): + 1,0%; од 2008: - 10,9% 8 Москва Во Москва се уште има голема разлика меѓу цените на луксузните имоти и оние на просечните станови. Така цената на метар квадратен за скапи недвижности во моментов е малку под 11 000 долари по квадратен метар. За разлика од нив, за масовните и помалите станови чинат "само" 4 000 долари по квадратен метар. Побарувачката е главно од домашниот пазар. За странските инвеститори Москва ја губи сé повеќе привлечноста што е поврзано и со политичките тензии. Средствата на Русите се зголемуваат, полека но ултрабогатите се доста богати. Развој на цените (1 полугодие): + 1,4%; од 2008 година + 9,4% Развој на кирии (1 полугодие): + 1,5%; од 2008: - 3,9% 7 Њујорк Њујорк ја доживеа финансиската криза подобро од поголемиот дел на САД. Цените на станбените недвижности во топ сегментот се опоравија до нивото од 2007 година. За разлика на пример од Хонг Конг, каде највисокиот сектор се разликува во голема мера од просечниот, разликата во Њујорк меѓу овие сектори е доста ниска. Куповната цена за квадратен метар станбена површина во средниот сектор е над 10 000 долари за квадрат. Развој на цените (1 полугодие): + 3,7%; од 2008 година + 113,3% Развој на кирии (1 полугодие): - 2,4%; од 2008: + 21% 6 Токио Цените на недвижностите во Токио повторно ги регрутира инерција, откако многу години беа мирни. Ова исто така е поврзано со активностите на централната банка на Јапонија, која го затрупа пазарот со ликвидност. Во првата половина на 2014 година цените се зголемија посилно отколку за сите последни седум години. Развој на цените (1 полугодие): + 3,1%; од 2008 година -11,4% Развој на кирии (1 полугодие): + 1,4%; од 2008: -13,4% 5 Шангај Цените на куќите во Шангај се развиваат повеќенасочно. Од една страна, постои голема побарувачка, од друга - кредитните услови се прилично строги, а државата се стреми да не му дозволи на станбениот пазар да се прегрее. Развој на цените (1 полугодие): -0,4%; од 2008 година + 61,6% Развој на кирии (1 полугодие): + 0,6%; од 2008: + 21,4% 4 Париз Слабата економија на земјата, а исто така и на еврозоната во моментов ги плаши странските инвеститори и купувачи. Затоа пазарот на домување во Париз е во пад. Според експертите ова е добра можност за купување, иако Париз се уште го има четвртиот најскап станбен пазар во светот. Канцелариските зградите сепак се поскапи (+4,3 проценти раст во првото полугодие), што се должи на недостигот во центарот. Развој на цените (1 полугодие): -1,7%; од 2008 година -15,5% Развој на кирии (1 полугодие): + 0,1%; од 2008: + 9,1% 3 Сингапур Слично на Хонг Конг зголемувањето на цените во топсекторот се забавува и во Сингапур. За сметка на тоа, сепак има силен раст кај "нормалниот имот". Во првата половина на годината цените благо опаѓаа, но цените во канцелариските области продолжуваат да се зголемуваат значително. Развој на цените (1 полугодие): -4,2%; од 2008 година + 44,6% Развој на кирии (1 полугодие): -3,5%; од 2008: + 4,6% 2 Лондон Во однос на просечниот имот Лондон силно зазема кон првото место. Оддалеченоста до најскапата метропола станува се помала од година на година. Куповната цена за просечен имот во Лондон е околу 10 000 долари по квадратен метар. За топ недвижности купувачите плаќаат често цени од 30 000 долари за квадратен метар. Развој на цените (1 полугодие): + 9,1%; од 2008 година + 67,6% Развој на кирии (1 полугодие): + 0,9%; од 2008: + 19,4% 1 Хонг Конг Најскапиот пазар на недвижности продолжува да е тој во Хонгконг. Оддалеченоста од вториот - Лондон, е толку голема што рангирањето може да се подели на две - Хонг Конг и сите останати. Бидејќи цените на куќите тука се 40% повисоки од оние во Лондон, кој е на второ место. Пазарот е управуван првенствено од премиум сегментот - таму квадрат чини над 40 000 долари. Развој на цените (1 полугодие): + 3,7%; од 2008 година + 113,3% Развој на кирии (1 полугодие): -2,4%; од 2008: + 21,0% K.K.
Слично

Поврзани вести