ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГУГЛ: Oва се клучните фактори за да бидете успешни на работното место
Најпопуларниот светски пребарувач, Гугл, истражуваше кои се најважните фактори за успех на работното место.
Податоците покажале дека најважно е во деловното опкружување да имате луѓе на кои им верувате и да имате сигурност на работното место.
Еве ги останатите клучни фактори за успех
Ако се осеќате сигурно, тогаш ќе можете да им се доверите на луѓето со кои работите, без разлика дали се работи за проблеми на работа или приватниот живот
Најважна е довербата во вашето опкружување. Ако им верувате на колегите, ќе можете побрзо да ги решавате проблемите и да ги исполните обврските.
Кога членовите на тимот имаат јасно поделени улоги, дефинирани цели и планови кои треба да ги остварат тогаш се работи полесно и побрзо.
Важно е да најдете задоволство на работното место. Колку повеќе ви е грижа за работата, толку подобар работник ќе бидете.
Запрашајте се која е поентата на вашата работа? Пронајдете смисла и важност во самите себе си и извадете позитивни моменти кои ќе ве прават среќни.
