Истражување: Младите сè позависни од смартфоните
Младите луѓе се се позависни од технологијата. Истражувањето на ,,Зенит Оптимедиа”, покажува дека тие до 2018 година ќе поминуваат се повеќе време на интернет преку телефон, отколу преку сите други уреди заедно.
Во истражувањето беа вклучени над 200 000 интернет корисници, се покажа дека за три години, младите на возраст од 16-24 години поголемо време ќе поминуваат со смартфоните во рака.
Тие ги запоставуваат останатите уреди за пристап до интернет.
Корисниците на мобилни платформи трошат значително време на интернет на мобилен, во просек 3,59 часа на ден, а 23% од испитаниците изјавиле дека купиле одреден производ преку мобилен во последниот месец.
Најпопуларната активност за корисниците на мобилни платформи е користењето на социјалните мрежи, дури 44% од нив. По оваа активност следи проверка на времето (38%) и гледање на онлајн видео (22%)
ZenithOptimedia и GWI заклучија и дека промените во однесувањето на корисниците на мобилни уреди има значајно влијание на онлајн пребарувањето, што е еден од клучните двигатели на интернет економијата, со вредност 140 милјарди УСД, во САД минатата година.
