Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТРАЖУВАЊЕ: Македонците не се среќни!

ИСТРАЖУВАЊЕ: Македонците не се среќни!
Според Индексот на среќа на магазинот "MoveHub" Македонија се наоѓа на дното во Балканот, Европа, па и во светот. Земјава е на 143-тото место од вкупно 151 земја во светот за која се мери благосостојбата. Ова ја става Македонија во иста група земји со Бахреин, Того, Катар и Гвинеја. Индексот ги рангира земјите според ефикасноста, должината на човечкиот живот и еколошката состојба. За Македонија овој индекс изнесува 28,3 и е убедливо најнизок во Европа. На скалата мерките се движат од 20-65, со што 20 означува најниско, а 65 највисоко ниво на среќа. На Балканот, Србија на е на 82 место и има индекс 41,3, Босна и Херцеговина е на 77-мо место со индекс 42,4, Хрватска, пак, се наоѓа на 78-то место со индекс 40,6, а Словенија е на 85-то место со индекс 40,2. Најблиску до Македонија е Бугарија, која се наоѓа на 123-то место, со индекс 40,5. Можеби е за изненадување, но на врвот на листата не се ниту САД, ниту Велика Британија, ниту Австралија. Овие земји не се рангирани ниту меѓу првите 40 на светско ниво. Првите места на листата ги држат Костарика, Виетнам, Колумбија, Белизе, Ел Салвадор и Јамајка.
Слично

Поврзани вести