ИСТРАЖУВАЊЕ: Тинекс и Кам повеќе од Веро!
Македонските граѓани секојдневните производи сеуште ги купуваат во локалните продавници. Во однос на малопродажните трговски синџири, Тинекс е лидер кадешто купува 14% од населението, на второ место е Кам Маркет со 12% , а додека трет е Веро каде што најчесто пазаруваат 8% од граѓаните во земјава. Ова се заклучоците од годишната анализа на ГфК Скопје каде се истражуваат потрошувачките навики на македонските граѓани во малопродажните синџири во Македонија.
Анализата покажува дека за граѓаните најважна е близината на продавницата (преку 43%), потоа добрите цени на производите (16%), а дури потоа широкиот спектар производи (околку 15%).
Лојалноста спрема одреден малоподажен синџир се забележува кај околу 49% од македонските граѓани, додека 26% од граѓаните се изјасниле дека купуваат во неколку малопродажни синџири.
87% од граѓаните плаќаат во готово, а само 13% со платежна картичка и тоа најчесто со дебитна.
Ито така истражувањето покажало дека приватните марки на одредени малопродажни трговски синџири имаат свои потрошувачи, па околу 40% од испитаниците купуваат приватни марки (30% само некои одредени производи, а околу 10% се изјаснуваат како редовно купуваат производи од приватни марки).
Истражувањето за навиките и начините на пазарување на македонското население беше спроведено од страна на ГФК Групацијата, во мај оваа година и на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.
Слично
