ИСТРАГА: Осум патници во „кингерот“ биле мртви пред да падне авионот, еден загинал на земја
Осум патници во авионот на поранешниот претседател Борис Трајковски починале уште додека „кингерот“ бил во воздух, како последица на задушување и експлозија од силен оган, објави весникот „Вест“, повикувајќи се на неофицијални детали од извештајот од повторената истрага за несреќата што ја спроведе тимот предводен од истражителот Омер Кулиќ.
Еден од двајцата телохранители на Трајковски по експлозијата излетал од авионот и тој починал од повредите и скршениците добиени при падот на земјата.
Кулиќ вчера им го достави извештајот од повторената истрага на македонските власти и оцени дека истрагата се покажала како оправдана затоа што расветлува нови детали за авионската несреќа. Деталите во јавност треба да бидат објавени за 20-тина дена, откако претходно и македонска експертска комисија ќе ги даде своите коментари.
Слично
