Историски рекорд – Јавниот долг стигна 4,2 милијарди евра!
4 милијарди и 224 милиони евра достигна јавниот долг.
Според последните податоци на Министерството за финанси за состојбата на долгот, се покажува дека долгот достигна 47 % од БДП.
Надворешните задолжувања според структурата се зголемиле на ниво од 2,8 милијарди евра, а кредитите кон домашните кредитори се зголемиле пак на 1,3 милијарди евра.
Бројките уште покажуваат дека во последните три месеци од минатата година долговите на Централната влада, на јавните фондови и општините се зголемиле за 217 милиони евра а со тоа се зголемило и учество на државниот долг во БДП, од 36 % на крајот на септемрви на 38,4 % на 31 декември.
До 2018 година јавниот долг на Владата ќе ја помине црвената линија и ќе достигне 5,6 милијарди евра односно 52,4 % од БДП
Од опозицијата вчера реагираа на политиките за задолжување на владеачката гарнитура.
Од партијата на Заев, велат дека доколку СДСМ, преку дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, не го преполовеше износот на еврообврзницата, задолжувањето ќе беше повеќе од шест милиона евра дневно, потенцирајќи дека со овие постапки Груевски ја носи државата, граѓаните и идните генерации во должничко ропство.
Предупредувања од ЕК
Во ноември лани, и од Европската комисија упатија загриженост за висината и одржливоста на долгот на државата.
Брисел тогаш посочи дека домашните и надворешните случувања се причината за забавување на растот на бруто-домашниот производ.
-Домашните и надворешните несигурности имаат негативно влијание врз инвестициската активност, што доведе до забавување на растот на БДП во првата половина од годината. На задната страна на силна недоволен раст на извозот, странските рамнотежа позитивно придонесе за пораст на производството
Влошувањето на домашната политичка клима во првата половина од годината, и несигурната ситуација во Грција оставија свој белег врз довербата на инвеститорите во првата половина од годината. По растот на БДП впо првиот квартал од 3,2 отсто, истиот забави во вториот квартал и изнесуваше 2,6 отсто поради падот на бруто инвестициите за 7,6 отсто. Севкупно, економијата е проектирано да расте но со поумерено темпо од очекуваното, се посочува во извештајот.
Се продлабочува дефицитот, долгот и натаму расте
Брисел укажува дека иако Владата останува посветена на постигнување на буџетски дефицит под три отсто, сепак среднорочната фискална стартегија на македонската Влада според ЕК се премногу оптимистичка
-Со ребалансот на буџетот за 2015 година се предвидува значително зголемување на трошоците за јавна потрошувачка. Предлог-буџетот за 2016 година, во изборна година, кој предвидува зголемување на вкупните расходи за речиси 5%, во номинални услови, предвидува дополнителни зголемувања на пензиите, социјалните трансфери и платите во јавниот сектор.
Висината на долгот ќе ја проблематизира економијата
А токму зголемувањето на јавниот долг според домашната експертска јавност претставува клучен проблем за развојот на економијата. Според дел од економистите ако продолжи трендот на зголемување на долгот, државата ќе се соочи со проблем во редовното враќање на долговите.
-Зголемувањето односно дуплирањето на долгот во состојба кога ниту од блиску не дуплира економскиот раст нормално дека е лош индикатор, што покажува дека јавните финансии се влошуваат од ден во ден. Ефектите од тоа не се гледаат ниту во една димензија, тоа е затоа што парите се трошат за тековна потрошувачка,за зголемувањ ена пензии, плати, набавка на стоки и услуги, и тоа во ситуација кога институциите односно јавниот сектор е во катастрофална состојба. Дали Македонија има потенцијал за враќање на овие долгови зависи од тоа како понатаму ќе се развива состојбата и во економијата и општо.Но ако продолжиме со вакво темпо секако дека ќе бидеме во лоша состојба и нема да можеме редовно да ги враќаме долговите, изјави за Фактор академик Абдулменаф Беџети.
