Историски пад на цените во Грција
Во месец март е намале индексот на потрошувачките цени во Грција за 0,2 отсто во однос на истиот период лани, прв пат по мај 1968 година, соопштил Заводот за статистика Елстат.
Во февруари цените во Грција пораснале за 0,1 отсто во однос на истиот месец претходната година.
-Тоа е прв пат од мај 1968 година индексот на цените да биде негативен“, соопштува Елстат.
Последниот пад на индексот и тоа од 0,3 отсто е забележан во мај 1968 година, втора година по ред од почетокот на воената хунта во Грција, за да може од јуни истата година константно да расте во просек по 0,5 отсто на годишно ниво, се’ до март оваа година.
Намалената инфлација во последните месеци во Грција, е последица на политичките мерки за штедење и запирање на рецесијата со која грчкиот народ се соочува шест години по ред.
Слично
