Економија, финансии, бизнис

Контакт

Историска одлука на Советот на Европа за Косово - ќе учествува во Парламентарното собрание

Историска одлука на Советот на Европа за Косово - ќе учествува во Парламентарното собрание

Косово ќе учествува на седниците на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) oд 1 јануари 2017 година. 

Земјата ќе учествува со тричлена делегација, која ја сочинуваат владејачкото мнозинство, опозицијата и малцинствата, се вели во соопштението на прес службата на косовскиот парламент.

Косовските парламентарци ќе учествуваат во седници на комисијата за демократија, која се занимава со односите со Косово, и ќе има право на глас. 

Досега на седниците на оваа Комисија присуствуваа по двајца претставници на Косово, кои имаа само набљудувачки функции.

„Тоа е знак дека Косово напредува со сигурни чекори во насока на интеграцијата во важни меѓународни организации“ - коментира претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели на Фејсбук.

Од Стразбур, Петрит Васили, член на делегацијата на Албанија од редовите на Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета, изјави дека одлуката на Советот на Европа е историска за Косово. Вели дека правото на глас на Косово сега е едно добиено право.



Слично

Поврзани вести