Економија, финансии, бизнис

Контакт

Источна Европа веќе не е оаза на евтина работна сила

Источна Европа веќе не е оаза на евтина работна сила

Во Источна Европа работодавците се потешко наоѓаат квалитетна работна сила.

Истражувањето на Блумберг покажува дека овој проблем е најизразен во Чешка, Латвија и Хрватска. За разлика од другите две земји, Хрватска е во парадоксална ситуација затоа што има 13.3% невработени или во бројки тоа се 212.000 луѓе. Регионот кој порано имаше евтина работна сила, сега им причинува главоболки на работодавците. Бројот на непотполнетите работни места во Чашка за две години се зголеми за 166%, а во Латвија тројно се зголеми овој број. Во Хрватска од 2014 година наваму бројот на непотполнети работни места е зголемен за 70%.

Затоа работниците бараат поголеми плати и повеќе бенефиции. Се нудат обуки во рамки на компаниите, повеќе слободни денови, сместување и слично.

Слично

Поврзани вести