Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исти уреди, различни цени. Зошто МЖ-Транспорт плаќа поскапо од ЈСП Скопје?

Исти уреди, различни цени. Зошто МЖ-Транспорт плаќа поскапо од ЈСП Скопје?
Огромни разлики во цените по кои се набавувале ГПС уредите за следење на возилата плаќале државните институции и компании, открива извештајот на Центарот за граѓански комуникации. Највисоката цена ја платиле во МЖ –Транспорт, односно тие набавиле 30 ГПС уреди за сателитско следење на возилата по цена од 19.337 денари. Најниската цена за истите уреди ја платиле во ЈСП Скопје, односно тие 6-те ГПС уреди ги набавиле за цена од 6.406 денари. Со ова највисоката цена е повисока од најниската за 202%. Освен разликата во цената, зачудува и фактот дека, институцијата која ги купила ГПС уредите по најниска цена, купила и најмала количина, додека пак институцијата која купила најголеми количини ја платила и највисоката цена. „ Иако, овие уреди не треба да се разликуваат според видот на превозното средство кое се следи и дали е тоа возило, автобус или локомотива, произлегува дека МЖ Транспорт за своите уреди платил двапати повеќе од ЈСП Скопје. Со оглед на недостапноста на тендерската документација на МЖ Транспорт, во која ќе можеше попрецизно да се види техничката спецификација за ГПС уредите што се набавиле, дури и да се констатира дека нивните уреди се со поголеми перформанси од оние на ЈСП Скопје дилемата која се отвора е дали таквите посовремени уреди им биле потребни. И токму тука се отвора едно од суштинските прашања – дали финансиската состојба на институциите кои доминантно работат со загуба или имаат дефицити во своите буџети треба да купуваат со јавните пари производи и услуги не водејќи сметка за рационалноста и економичноста во трошењата, се наведува во извештајот на Центарот за граѓански комуникации. Од Центарот посочуваат дека тие консултирале добавувачи на уредите за сателитско следење на возилата кои пак констатирале дека не постои разлика во уредите купени за возила (општина Аеродром, ЈП Охридски Комуналец, ЈП Македонска Радиотелевизија), автобуси (ЈСП Скопје) или пак локомотиви (МЖ Транспорт) што секако ја прави релевантна споредбата на цените. „Разликите во цените не можат да се објаснат со применетите постапки ниту пак со купените количини на ГПС уреди. Делумно објаснување на разликите во цените може да се најде во применетите критериуми за избор. МЖ Транспорт е единствената институција која го бодувала квалитетот на купените уреди, но тендерската документација не им беше јавно објавена на Електронскиот систем за јавни набавки за да се оцени како се вреднувал квалитетот на ГПС уредите, се вели во извештајот. Но освен кај ГПС уредите за сателитско следење на возилата, големи разлики во цените се констатирани и кај други јавни набавки.
  • Тековното одржување на лифтови годишно институциите ги чинело од 9.256 до 29.783 денари за еден лифт, со што највисоката цена платена за овој производ е повисока за 222% од најниската евидентирана цена
  • Обрасците за сметки јавните претпријатија ги чинелеод 0,65 до 3,54 денари за еден образец, со што највисоката цена е за 445% повисока од најниската;
  • Кравјото сирење од страна на затворите, студентските домови и здравствените институции е плаќа но од 160 до 234 денари за килограм со што највисоката цена е за 46% повисока од најниската.
За првпат во индексот на рационалност е евидентирано отсуство на разлики во цената со тоа што филмовите за рентген снимки од различни здравствени институции се купувани по иста цена. Значајно е да се нагласи дека не станува збор за производ за кој надлежните институции определуваат максимална цена, ниту пак производот е купуван од еден ист добавувач. Како институциите ги спроведуваат јавните набавки Институциите и натаму користат елементи за оценување на понудите кои не гарантираат избор на најповолна понуда. Рокот за изведба/испорака и натаму се користи за бодување на понудите, а останува актуелен и проблемот на несоодветно оценување на квалитетот на понудите. „Останува трендот на доминантно користење на ,најниската ценаʻ како критериум за избор на најповолна понуда. Но, и во случаите кога се користи критериумот, економски најповолна понуда договорните органи избираат несоодветни елементи за бодување на квалитетот, се наведува во изветајот. Понатаму, според мониторингот на јавните набавки што го направи Центарот за економски анализи констаирано е дека дел од институциите не ја почитуваат задолжителната законска обврска – во подготовката на техничките спецификации за јавните набавки над 130.000 евра да ги вклучуваат и фирмите преку водење на т.н. технички дијалог. Освен тоа се посочува и дека има проблемот со малата конкуренција на тендерите што добива на интензитет. Како последица на ваквата состојба се оневозможува одржување на е -аукција и се зголемува бројот на тендери во кои договорот се склучува со единствената фирма понудувач. С.Н.
Слично

Поврзани вести