Истекува рокот за поднесување листи на пратеници, партиите го чекаат последниот момент
На полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатските листи за пратеници до Државната изборна комисија. До вчера, ниту една партија сéуште ги немаше поднесено листите, па се очекува сите тоа да го направат во последен момент.
Комисијата потоа има два дена за да утврди дали листите се согласно изборниот законик, а доколку некаде се јават неправилности, партиите имаат уште два ден за исправки. Редоследот на листите на гласачкото ливче ќе се утврди со ждребување во ДИК на 3 април.
Дел од партиите објавија кои ќе бидат носители на листите во одредени изборни единици, додека опозицискиот СДСМ ги објави целите листи онака како што ќе ги поднесе до ДИК.
Најмногу тактизира владејачката ВМРО-ДПМНЕ која до денеска не излезе со никакви информации ниту за носителите, ниту за останатите кандидати што ќе се најдат на листите.
Слично
