Истекува рокот за исплата на К-15 – за непочитување предвидени се парични казни
На сметките на сите работници во приватниот сектор најдоцна до утре треба да легнат средствата од исплатата на регресот за годишен одмор чија минимална висина изнесува 8.500 денари, а им следува на лицата кои кај ист работодавец работеле во континуитет најмалку шест месеци во една календарска година.
Доколку работниците од своите претпоставени не добијат К-15 државата непослушните работодавци ќе ги казни со глоба во висина од 3.000 до 4.000 евра.
Казната предвидува глоба од 2.000 до 3.000евра да плати приватното лице додека парична глоба во висина од 500 до 1.000 евра ќе плати одговорното лице кај работодавачот.
Правото на овој приход, кој се добива еднаш во годината, најдоцна до 31 декември, работниците го стекнаа со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството од 31.12.2013 година.
Од Управата за јавни приходи во понеделникот потсетија дека рабвотодавачот е должен на оваа сума да плати персонален данок на доход, а работникот да ја прикаже во годишната даночна пријава што ја поднесува во УЈП најдоцна до 15 февруари.
Слично
