Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТЕКУВА РОКОТ: СОНК бара реакција на штипскиот Универзитет или почнува штрајк со глад!

ИСТЕКУВА РОКОТ: СОНК бара реакција на штипскиот Универзитет или почнува штрајк со глад!
Денеска истекува рокот што Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) им го даде на органите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип да го спроведат решението на Државниот просветен инспекторат и да ги изберат во повисоко звање тројцата професори кои веќе 11 дена штрајкуваат со глад. Во спротивно, СОНК најави дека солидарно ќе се приклучи кон штрајкот со глад во знак на поддршка на професорите од Економскиот факултет на овој универзитет кои протестираат затоа што наспроти препораките на рецензентската комисија, без образложение не се унапредени, туку останаа без работа. Тоа значи дека со глад ќе штрајкуваат сите претседатели на синдикални региони и секретари, доколку тројцата професори не бидат избрани во повисоки звања. Здравствената состојба на тројцата професори Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски, кои штрајкуваат со глад веќе 11-ти ден, постојано се влошува. ИНТЕРВЈУ Новковски: Штипскиот универзитет ги брка добрите професори, а има потреба од квалитетен кадар
Слично

Поврзани вести