ИСТЕКУВА РОКОТ: Опозициските пратеници шест месеци се надвор од собраниските клупи
Утре истекува рокот од шест месеци до кој пратениците од опозицијата треба да се вратат во Собранието, а во спротивно се соочуваат со постапка за одземање на мандатите.
Согласно собранискиот Деловник и законите, спикерот Трајко Вељаноски веќе нема да има можност да го одложува прашањето за оставките на 31 од вкупно 34-ца опозициски пратеници на кои им беа верификувани мандатите. Одредбите велат дека по неоправдано отсуство од шест месеци почнува постапка за одземање на мандатот на пратеник.
Генералниот секретар на Собранието утре би требало да поднесе извештај за отсуствата на пратениците. Потоа оваа листа би требало да оди кај Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која ќе треба да предложи заклучок за овие отсуства - односно одземање на мандатите на оние што отсуствуваат веќе шест месеци.
Седницата на Парламентот за одземање на мандатите би се одржала веројатно до крајот на овој или на почетокот на идниот месец, а одлуката се носи со двотретинско мнозинство. Доколку такво мнозинство се обезбеди, Државната изборна комисија треба да им го понуди мандатот на кандидатие на опозицијата кои на изборите беа подолу на изборните листи.
Опозицијата минатата недела објави дека останува на одлуката за бојкот иако призна дека дел од пратениците притискаат за враќање во Парламентот. Повикот за бојкот на опозицијата до сега не го следеа три пратенички - Роза Топузова-Каревска, Љубица Буралиева и Солза Грчева.
Слично
