ИСТЕКУВА РОКОТ: Невработените мора да се пререгистрираат!
Уште два дена до истекот на рокот за пререгистрација на невработените за здравствено осигурување, а едвај половината од вкупниот број невработени лица ја исполниле обврската.
Според информациите на Фондот за здравствено осигурување, барање за пререгистрација поднеле 127.083 лица, од вкупно 243.085 колку што имаше во претходната евиденција.
ФЗОМ апелира невработените веднаш да се пререгистрираат за да не останат без сини картони за лекување.
Процентуално, најмалку невработени лица се пререгистрирани во Скопје - 47,1% од вкупниот број, Тетово - 58,56%, Куманово - 62,5% и Гостивар - 65.92%.
Слично
