Истекува рокот за легализација на дворовите
Рокот за приватизација на дворното место истекува во понеделник. По 15 декември сите физички и правни лица кои не поднеле барање нема да можат да го откупат земјиштето по цена од едно евро за метар квадратен и наместо тоа ќе бидат обврзани да плаќаат закупнина за местото за кое биле евидентирани како корисници, односно го користеле по основ на објект изграден врз него.
Со цел да им се излезе во пресрет на сите граѓани да го запазат крајниот рок, шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности, како и во Центарот за катастар на недвижности – Скопје и денеска ќе работат со продолжено работно време до 19 часот.
Целта е, како што потенцираат од Катастар, да им се овозможи на граѓаните навреме да си обезбедат имотен лист кој е неопходен за поднесување барање за приватизација на дворните површини.
Слично
