Истече рокот за пријавување за отпис на долгови
Попладнево истече крајниот рок до кој граѓаните од социјално ранливи категории можеа да се пријават за отпис на долгови. До последен момент, граѓаните поднесуваа документи во Центрите за социјална работа низ Македонија. Се надеваат на отпис на долговите за неплатени сметки за струја, парно и радиодифузна такса, неплатени рати за кредити.
Првичната проценка на Владата беше дека со мерката за еднократен отпис на долговите ќе бидат опфатени меѓу 50.000 и 100.000 граѓани. Но, до петокот барања имаа поднесено околу 35.000 граѓани - приматели на социјална помош, невработени и лица што имале смртен случај или инвалидитет во семејството.
Нивните документи допрва ќе се анализираат за да се види дали ги исполнуваат законските услови за отпис на долговите. Колкава сума ќе биде отпишана допрва ќе се знае, а за сметка на отпишаниот долг фирмите-побарувачи ќе добијат даночно ослободување во висина до 10% од долгот што ќе им го простат на граѓаните.
Целиот процес се очекува да заврш кон крајот на овој или до почетокот на наредниот месец, кога се очекува граѓаните да ги добијат првите решенија за отпис на долгови.
Слично
