Истече рокот за предлози за членови на избирачки одбори, само ВМРО-ДПМНЕ достави листи?
На полноќ истече рокот за доставување предлози за членови на избирачките одбори.
Само ВМРО ДПМНЕ од четирите најголеми партии има доставено свои листи. За ДУИ и ДПА не се знае дали доставиле предлози за членови на одборите, а СДСМ најави дека со сигурност нема да достави свои листи бидејќи нема да учествува на изборите закажани за 5 јуни. Но, постои законска одредба според која ако некои партии не достават листи за избирачки одбори тогаш членовите се пополнуваат со луѓе од администрацијата. Се очекува денеска партиите да ги соопштат своите ставови по ова прашање.
Слично
