ИСТЕЧЕ РОКОТ: Приговори поднесоа само ДУИ, ДПА и ГРОМ
Политичките партии ДУИ, ГРОМ и ДПА доставија вкупно 12 приговори до Државната изборна комисија за постапката на гласање на двојните претседателски и парламентарни избори што се одржаа во неделата.
Рокот за поднесување на приговори по овој основ истече во 19 часот. До полноќ партиите сеуште можат да доставуваат приговори, но само за пребројувањето на гласовите.
ДУИ поднела два приговора, ГРОМ - четири, а ДПА - шест. Државната изборна комисија ќе одлучува по нив во текот на утрешниот ден.
Слично
