Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТАНБУЛ ПАРАЛИЗИРАН ОД СНЕГ, БОСФОР Е ЗАТВОРЕН, СИТЕ ЛЕТОВИ ОТКАЖАНИ: Некои места се целосно завеани

ИСТАНБУЛ ПАРАЛИЗИРАН ОД СНЕГ, БОСФОР Е ЗАТВОРЕН, СИТЕ ЛЕТОВИ ОТКАЖАНИ: Некои места се целосно завеани

Поради обилните снежни врнежи во Истанбул, кои траат веќе трет ден, денеска е затворен бродскиот сообраќај на Босфор во двата правци.

Веста ја соопшти Генералниот директорат за крајбрежна безбедност на турското Министерство за транспорт и инфраструктура.

Туркиш ерлајнс соопшти дека некои летови до и од аеродромот во Истанбул, кои беа планирани, се откажани поради снежни врнежи, објави „Хуриет“.

Летовите беа откажани откако снегот во и околу градот предизвика турското Министерство за транспорт да го намали капацитетот на аеродромот во Истанбул за 15 отсто во четвртокот и 20 отсто во петокот, додека другиот аеродром во градот, аеродромот Сабиха Гокчен, го намали сопствениот капацитет за 10 отсто.

Снегот ги зафати и копнените и поморските патишта, а гувернерот на провинцијата Истанбул Давут Ѓул најави дека од денеска се забранува движење на мотоцикли на патиштата.

Во меѓувреме, турското Министерство за транспорт во петокот соопшти дека поморскиот сообраќај на Босфорот е привремено прекинат поради маглата, поради што градските острови се отсечени од остатокот од светот и се врши притисок врз другите транспортни рути во градот.

Училиштата низ Истанбул се затворени поради временските услови, додека 1.100 бездомници се сместени во засолништа и сместувачки центри.

фото: Х

Слично

Поврзани вести