Истанбул ќе се бори со сообраќајот со паркинзи што пловат
Истанбул планира да претстави пловечки автомобилски паркиралишта во обид да ги реши хроничните проблеми со сообраќајот во најголемиот град на Турција .
Општинскиот паркинг ќе користи фериботи, кои излегле од употреба , закотвени во Босфор , за да создаде катни паркиралишта во близина на жариштата на сообраќајот во Истанбул.
Во пловечките паркинзи ќе има кафулиња , места за одмор и уметнички галерии. Метежот и недостатокот на паркинг места се главен проблем на 16 - милионската метропола . Планот за вакви паркинзи е еден од големите проекти во огромниот турски град.
Нестабилниот паркинг , кој ќе може да прими 400 автомобили, ќе чини околу 12 милиони долари.
Слично
