Истанбул го тресат протести
Поради одбележување на годишнината од демонстрациите кои прераснаа во бунт на плоштадот Таксим, неколку илјади луѓе пристигнаа денеска на протести во централниот дел на Истанбул.
Властите ангажираа илјадници полицајци со цел да ја спроведат забраната за собири на плоштадот Таксим, кој беше епицентар на минатогодишните протести.
Ердоган вчера ги повика младите Турци да не излегуваат да одбележувањето на годишнината од протестите.
Турските медиуми објавија дека околу 25.000 полицајци и неколку десетици возила ќе бидат денеска ангажирани во Истанбул за да спречат протестите да стигнат до плоштадот Таксим.
Во антивладините протести минатата година загинаа осум луѓе, а неколку илјади беа повредени.
Слично
