Исповед на повратничка од ИД: Највеќе жени има од БИХ
Макфирета Шаќири е жената која се врати во Србија од Сирија.
Таа открива каков е животот во Исламска држава. Вели дека сопругот и објаснил некои работи за исламот, решила да му се придружи, на почеток сè било во ред, но не и подоцна.
Со детето преку Турција, отишла во Сирија и поминала 3 месеци во „престолината“ на ИД, Рака. Таа е Ромка во доцните 20-ти години и ја сместиле во стан за жени и деца.
„Имаше жени од Франција, Германија, Швајцарија, Загреб, Белград, но најмногу беа од Босна. Бев преплашена, се плашев за себе, но уште повеќе за детето“-рече таа.
Нејзиниот брат е убиен во Сирија, а таа во февруари 2014 година се вратила од Сирија. Нејзиниот сопруг Ферат Касумовиќ е обвинет затоа што врбувал за џихад српски државјанин кој загинал во Сирија.
