Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСПОВЕД НА МАЈКАТА: Девојката која се самоуби во скопски Аеродром, претходно била силувана од таксист

ИСПОВЕД НА МАЈКАТА: Девојката која се самоуби во скопски Аеродром, претходно била силувана од таксист

Младата скопјанка која вчера си го одзеде животот скокајќи од деветти кат, претходно била малтретирана од таксист.

Нејзината мајка вели дека ќерка и ја силувале, а случајот веднаш бил пријавен во полиција.

Но, таа не очекувала дека дваесетгодишното девојче ќе посегне по својот живот.

„Таа доби работа на брод и требаше да замине во Америка на 9 април. Вчера се случи нешто трагично за неа, кое не можеше да успее да го надмине и да продолжи да живее. Ноќеска ја силувал таксист кој требало да ја донесе дома. Слушнав како вреска ноќеска се стрчав и ја најдов распарталена и избезумена. Ми кажа дека таксистот ја силувал. Веднаш пријавивме на полиција и истрагата е во тек. Знаев дека за моето дете тоа е ужас но не помислив дека ќе се реши да си го одземе животот. Утрово, ете, без да забележам се реши на најстрашното“, изјавила мајката за Либертас.

Рече дека сака да се објави ова да слушне јавноста зошто нејзиното прекрасно девојче решило да замине од овој свет и како што рече, какви монструми живеат меѓу нас.

Телото на Стефани е на обдукција, а идентитетот на таксистот силувач, според мајката ѝ е познат на полицијата.

Слично

Поврзани вести