Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СТРАДААТ ЛИ ПЕНЗИИТЕ? Државата им должи пари на приватните пензиски фондови

ЌЕ СТРАДААТ ЛИ ПЕНЗИИТЕ? Државата им должи пари на приватните пензиски фондови

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) доцни со уплатата на парите, што како процент од вкупните придонеси одат во задолжителните приватни пензиски фондови.

Поради ова, пензиските фондови што работат во вториот столб, не се во можност да ги инвестираат парите, а со тоа и да остваруваат приноси што ја зголемуваат сумата што се евидентира на сметката на осигурениците во вториот столб, односно на сметката на идните пензионери, од која ќе зависи висината на нивната пензија.

Од НЛБ Нов Пензиски Фонд ова го потврдија во емисијата „Економски магазин”.

Од таму велат дека раѓаните не треба да бидат загрижени затоа што иако парите не се пристигнати кај нив, сепак тие ги регистрираат на сметките на членовите веднаш штом ќе добијат информација дека работодавачот им ги уплатил придонесите.

„Мислам дека оваа информација е сега актуелна, но не е ништо ново. Ние имаме побарувања од државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигуривање, по основ на неисплатени придонеси до задолжителниот пензиски фонд. И во врска со таквите задоцнувања ние веќе неколку пати имаме покренато иницијативи, нормално прво до Фондот за пензиско инвалидско осигурување со цел да детектираме.” – изјавија во емисијата на телевизија Алсат.

Тие исто така потенциаа дека дефицитот во државиот пензиски фонд го забавува редовното уплатување на средствата кон задолжителните приватни пензиски фондови, а со тоа се можноста тие пари да бидат инвестирани.

Слично

Поврзани вести