Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исплашените штедачи во Бугарија загубиле 16 милиони евра камати затоа што ги повлекле парите

Исплашените штедачи во Бугарија загубиле 16 милиони евра камати затоа што ги повлекле парите
Измамените бугарски граѓани, кои подлегнаа на манипулациите за нестабилност на банкарскиот систем, ќе ги сносат последиците - ги загубија каматите на своите штедни влогови и ќе мора да се задоволат со помали приходи од очекуваните. Поведени од паниката, голем број од нив ги повлекле парите пред рок со што го загубиле правото на камата. Кај повеќето депозити орочени подолго од еден месец, каматните стапки варираат меѓу 4% и 6,3% на годишно ниво во најпогодената Прва инвестициска банка. Но, ако предвреме се раскине договорот, каматата паѓа на 1%. Така, при загубени околу 4% од орочените депозити, кои беа повлечени во еден ден во петокот, банката „заштеди“ над 32 милиони лева (16 милиони евра) за камати, што може да биде и „добра“ вест за банката под услов парите на клиентите да се вратат пак во нејзиниот трезор. Бугарската централна банка денеска констатира дека криминалниот напад врз Прва инвестициска банка не успеал и оваа банка, како и целиот банкарски систем во Бугарија се враќа на нормалното работење, како резултат на преземените мерки за стабилизација на финансискиот сектор. Централната банка апелира до бугарските граѓани трезвено и внимателно да ги анализираат сите информации и да не подлегнуваат на манипулации за состојбите на банкарскиот сектор.
Слично

Поврзани вести