Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исланд покажа зошто е добро да се работи четири дена во неделата

Исланд покажа зошто е добро да се работи четири дена во неделата

Исланд покажа зошто е добро да се работи четири дена неделно. 

Посреќни и попродуктивни биле повеќе од 2.500 Исланѓани вработени во различни сектори, како здравство и образование, покажа неодамнешното испитување, објави Би-Би-Си.  Луѓето работеле за иста плата и покажале подобри резултати и на работа, а и дома, каде што можеле да се посветат на семејството. 

Синдикатите веќе го користат извештајот за да им дадат на членовите право да работат четири дена. Оваа промена што може да влијае на 86 проценти од работниците во земјата. 

Шпанија и Нов Зеланд ќе го следат примерот и ќе направат свои испитувања, што укажува на тоа дека четиридневната недела може да стане тренд. 

Неодамна, јапонската влада ги објави своите годишни упатства за економска политика, кои вклучуваат нови препораки за компаниите - да им дозволат на своите работници да работат четири дена во неделата наместо пет.

Шведска во 2015 година пробно воведе шестчасовно работно време и се покажа дека вработените се посреќни, побогати и попродуктивни.

Слично

Поврзани вести