Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава“ веќе е во Турција

„Исламска држава“ веќе е во Турција

Нападот во Суруч покажа дека поголема група од „ИД“ веќе се сместиле во Турција. Премиерот Ердоган и турската политичка елита треба да си поведат сметка за тоа, тврди Рајнер Херман.

Ако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган навистина се надевал дека неговата политика во Сирија ќе ja сочуваше Турција од рацeте на терористите, денес треба да ја погледне реалноста во очите. Нападот во Суруч, во кој загинаа најмалку 28 лица, само го потврдува долготрајното сомневање дека „Исламска држава“ престојува и во Турција со свои терористички ќелии кои се подготвени во секој момент да вршат катастрофални напади.

Терористи од „ИД“ постојано ја преминуваат границата од турскиот град Суруч кон курдскиот Кобане каде извршија голем број атентати. Во меѓувреме токму сириските Курди се покажаа најефикасна сила во борбата против „Исламска држава“. Не на последно место и со западна поддршка од воздух, Курдите постојано и помагаат на „ИД“ се подалеку.

Еве сега исламистичките насилници се покажаа со првиот голем напад на турска земја. Точно дека тој беше насочен против Курдите, кои биле упатени кон Кобане, за да добијат претстава што е потребно за обновата на градот. Но, без оглед која била целта на бомбашите, претседателот Ердоган и целата политичка елита на Турција треба да имаат едно на памет: теророт на „Исламска држава“ веќе се смести и во Турција.

Слично

Поврзани вести