Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламска држава повикува на џихад на Балканот

Исламска држава повикува на џихад на Балканот

Терористи од Исламската држава од Босна и Херцеговина и од Косово ги повикаа муслиманите од Балканот на "џихад" и "хиджра" (иселување поради верата).

Член на Исламската држава ги повика сонародниците во видео објавено од исламистички портали во Босна и Херцеговина, да се "иселат во земјата на исламот, а оние кои не можат, да се борат во Босна, Србија ...".

"Ставете им експлозив под автомобилите, пред куќите, земете некој отров и ставете во нивниот пијалок , во нивната храна, да цркнат од отровот, убивајте ги секаде каде што можете, во Босна, Србија, Санџак. Вие можете да го направите ова, а Аллах ќе ви помогне ", се вели во видеото.

"Оној кој се тргне на патот на Аллах, ќе најде многу добро. Ние сакаме да го изведеме својот народ од темнината кон светлината со милји, убави зборови или со сила", вели терористот.

Тој наведува дека неговите сонародници од Босна и Херцеговина жалат дека не можат да носат брада. Мажот ги повикува да "направат хиджра, да се иселат и да се борат на патот на Аллах со имотот и со животот".

Во видеото се вели дека Западот чело со Америка и христијанска Европа никогаш нема да биде задоволен додека не ги превртат муслиманите во својата вера.

"Затоа, браќа муслимани, вратете на својата вера, вратете се кон џихадот. Сетете за муџахедините кои во 90-тите години дојдоа да ве заштитат, да ги заштитат вашиот живот, имот, чест. И како им одговори државата? Сега имате можност да им вратите, да останат како народ. Можете да ги прегазите и да ги ставите под чизмата", вели терористот.

Тој тврди дека за него е "чест и гордост" да се претстави како "роб на Аллах од балканскиот регион", пишува агенција СРНА.

Според експертот за безбедност Џевад Галијашевиќ видео пораката е класична објава на војна, доаѓа од политичка структура им нуди на муслиманите утопија на светскиот калифат.

"Секако повикот на Исламската држава за „гордост и џихад“ е злоупотреба на муслиманите и Албанците, но и објава на војна на секуларните држави на Балканот", предупреди Галијашевиќ.

Слично

Поврзани вести