Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава“ ја искористи сиромаштијата во Косово

„Исламска држава“ ја искористи сиромаштијата во Косово

Додека „Исламска држава“ се обидува да воспостави нов калифат во Сирија и Ирак, терористичката организација открила голем извор за прибирање на екстремисти од сиромашното Косово, истакнува „EurActiv“.

Стотици косовски Албанци се приклучија кон терористичките групи во Сирија и Ирак. Во голем број европски земји и властите во Приштина го отворија прашањето, за криминализација на учеството во странски конфликти.

Претставниците на исламската заедница во Косово веруваат дека главните причини за патувањето на Косоварите до Сирија и Ирак се поврзани со финансиска добивка и недостаток на свест за војната.

Професор по исламски студии верува дека постојат различни фактори кои ги туркаат младите Косовци да влезат во организации како „Исламска држава“. Според него оние кои одат не можат јасно да ги сфатат задачите и мотивите и имаат ништожни знаења за глобалната геополитика и геостратешки интереси во овој дел на светот.

Вистинската исламска религија лежи на реални и здрави принципи, коментира тој.

Генералниот секретар на Исламската заедница во Косово Ресуљ Ресепи верува дека се влијае врз младите луѓе да отидат во Сирија. Тој истакнал дека коалицијата предводена од регионот предвидува војна во цел свет.

Можно е да им се плаќа. Колку, не знам, но човек нема да оди за 10 или 20 евра, истакнал тој, додавајќи дека никој не треба да си ја продава душата и телото за пари.

Според него се помалку луѓе од Косово се приклучуваат на „Исламска држава“ во споредба со минатата година.

Министерството за внатрешни работи на Косово соопштило дека 300 лица од земјата се вклучиле во војната во Сирија и Ирак. Минатата година се уапсени десетици, кои подоцна беа ослободени.

Минатиот месец парламентот на Косово донесе закон. Според него учеството на Косоварите во странски конфликти се казнува со помеѓу 5 и 15 години затвор.

Слично

Поврзани вести