„Исламска држава“ го осуди на смрт Реџеп Ердоган
Терористичката група „Исламска држава“ го осуди на смрт турскиот претседател Реџеп Ердоган, пренесоа светските агенции.
Џихадистите ја раширија пораката преку своите профили во социјалните мрежи.
Причината за гневот им е соработката на турскиот претседател со САД и Израел, како и ударите кои Анкара ги нанесува против нив во Сирија.
„Тој треба да биде убиен, како и секој кој ја поддржува коалицијата“, пишува во текстот објавен од групата.
Исламистите му дале можност на Реџеп Ердоган „да се покае“, но не е јасно со какви точно дејства може да го стори тоа.
Слично
