Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Исламска држава“ се заканува на словенското население и Албанците на Балканот

„Исламска држава“ се заканува на словенското население и Албанците на Балканот

Терористичката организација „Исламска држава“ им се закани на земјите од Балканот. 

Тие велат ќе има крвопролевање и одмазда против словенското население и Албанците на Балканот, и дека тоа ќе се случи набрзо.

„Не сме го заборавиле и нема да го заборавиме Балканот. Едноставно бевме малку зафатени, сега се враќаме повторно. Ние не ги заборавивме српските неверници. Не го заборавивме убивањето на муслиманите во Босна и Косово, ниту уништувањето на џамиите и куќите. Неверниците на Балканот, каде и да се тие, во Босна, Санџак, Албанија, Косово, Македонија, каде и да се кријат, ние ќе ги најдеме со дозвола на Бога“- пишува „Румијах Магазин“. 

Ваквата закана до „неверниците во Албанија, Косово, Босна, Македонија, Санџак“ е упатена преку балканското издание на списанието на ИД „Румијах Магазин“.

Слично

Поврзани вести