Искршена канцеларијата на Иванов во Тетово
Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов во Тетово, утрово е демолирана.
Демолирањето се случило пред 6 часот, при што целосно се искршени прозорците и надворешната стаклена врата на канцеларијата. Граѓаните кои живеат во непосредна близина слушнале кршење на стаклата, а внатре во канцеларијата се забележани и искршени јајца.
Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите и расветлување на случајот.
Слично
