Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСКОРИСТЕТЕ ГО: Не очекува сончев викенд!

ИСКОРИСТЕТЕ ГО: Не очекува сончев викенд!

Тмурните денови се зад нас, а викендов не очекува вистинско уживање. Искористете го убавото сончево време кое ни претстои.

Не очекува сончев и релативно топол декемвриски ден и сосема слаб ветер информираат од МЕТЕОПРО.

Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 9°С низ поголем дел од котлините, а на југозапад и до 13°С. На повиските места максималната температура ќе има вредност околу 7°С.

Постои мала веројатност за сосема слаба котлинска магла наутро, која ќе има краток век на траење, за во текот на денот да преовладува сончево време. Ветерот ќе биде сосема слаб, а ќе дува претежно од југ.

Утрото ќе биде релатиивно студено, но далеку од вистински декемвриски студ! Минималната температура ќе има вредност од -3°С до 2°С низ котлините.

Дневниот максимум на температурата ќе има вредност околу 9°С во поголем дел од котлинита, а во јужниот регион истиот ќе достигне вредности и малку над 10°С.

Во недела се очекува мала до умерена облачност, но со повеќе сончеви периоди. И утрото и денот ќе бидат потопли од сабота, но само за околу 1°С. Па така максималната температура ќе има вредност околу 10°С во поголем дел од земјата.

Уживајте во убавото време и искористете го за да земете длабок здив чист воздух на некоја од Македонските планини.

Слично

Поврзани вести