Исклучок најблиските соседи: Роамингот поевтино ќе го плаќаме во овие земји
Соседна Бугарија и Грција се двете земји со кои нема да имаме поевтини роаминг, но затоа пак тука се Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
Во земјите од Западен Балкан од денес стартуваат евтините цени на роамингот а тоа значи дека 2,46 денари ќе плаќаме за дојдовните повици од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија или Црна Гора за кои досега плаќавме 25 денари.
Пораката наместо 14 денари имајте на ум дека ќе ја плаќаме 2,21 денар.
Ова е прво намалување на роамингот. Цените ќе паѓаат и догодина а до 2021 ќе плаќаме нула роаминг меѓу погоре спомнатите држави.
Слично
