Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исклучени две банки од топ компаниите во Европа

Исклучени две банки од топ компаниите во Европа

Акциите на швајцарската банка „Credit Suisse“ и германската инвестициска „Deutsche Bank“ ќе бидат исклучени од берзанскиот индекс „Euro Stoxx “50 на 8 август, пишува Reuters.

На нивно место доаѓаат холандската технолошката компанија „ASML Holding“ и француската градежната фирма „Vinci“. Тоа го потврди операторот на индексот „ Stoxx Ltd“.

Акциите на двете банки беа исклучени, откако од почетокот на годината нивните котирања се намалија за повеќе од 45%.

Најголемата германска банка „Deutsche Bank“ само пред неколку дена соопшти дека во вториот квартал профитот е намален за цели 98% до едвај 20 милиони евра во споредба со една година порано, кога беше 796 милиони евра.

Индексот „Euro Stoxx“ се одразува на проценката на европските финансиски пазари на најголемите 50 европски компании.

Ова не е крај на светот и европските банки веројатно имаат поголеми проблеми кои треба да ги решаваат во моментов, но тоа е знак на падот на банкарскиот сектор во последно време, коментираат аналитичарите.

Во „Euro Stoxx“ 50 влегуваат највредните компании и вклучуваат имиња како „Santander“, „BMW“, „L'Oreal“, „Orange“ и „Volkswagen“.

Слично

Поврзани вести