Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исклучен Блок 1 во РЕК Битола

Исклучен Блок 1 во РЕК Битола

АД ЕСМ известува дека Блок 1 на РЕК Битола ќе биде во прекин до понеделник поради санација.

„Синоќа околу полноќ oд електроенергетскиот систем е исклучен Блок 1 на РЕК Битола. Се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката. Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа“, информираат од ЕСМ.

Од таму додаваат дека за време на викендите има вообичаено намалена потрошувачка на електрична енергија, а електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола ќе биде надоместена со зголемување на производствотоод останатите постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември.

Слично

Поврзани вести