ИСКАЗ ЗА СЛУЧАЈОТ „ТНТ“: Груевски на распит во Кривичен суд
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Кривичниот суд ќе даде исказ пред судија на претходна постапка за случајот „ТНТ“.
Според повеќето медиуми тој веќе пристигнал во Судот.
Груевски заедно со екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски се осомничени во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски.
СЈО исто така бара притвор и за екс началникот на Петтата управа на УБЈ, Горан Грујовски кој е првоосомничен во случајот „Тврдина“.
Се бара притвор и за битолскиот градоначалник, Владимир Талески осомничен во предметот „Транспортер“ за малверзации со плаќање на училишен превоз во општината.
СЈО бара мерки на претпозаливост и за 6-мина припадници на полициската единица Алфи осомничени во случајот „Тортура“ за малтретирање на лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.
Станбениот комплекс„ Космос“ на Цаноски, беше урнат како наводна дивоградба по налог на Министерството за транспорт и врски кога министерот беше Јанакиески.