Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исхрана според хороскопот: Раковите лесно се здебелуваат, овните сакаат брза храна

Исхрана според хороскопот: Раковите лесно се здебелуваат, овните сакаат брза храна
Астролозите наведуваат дека секој хороскопски знак има одредени навики на хранење, свој специфичен начин на приготвување на храната и преференции кон одреден тип на јадења. Додека едни сметаат дека јадењата треба да бидат традиционални и приготвени по рецептите од нашето поднебје, други обожаваат да експериментираат со нови и егзотични специјалитети, трети, пак, јадат сè што ќе им се постави на трпезата и не се многу пребирливи. Дознајте каков е односот на претставниците на различните хороскопски знаци кон храната.   ОВЕН Овните ја сакаат храната жешка, пикантна и брза. Тие немаат време за долги оброци, затоа што постојано се зафатени и растрчани на сите страни. Освен тоа, не сакаат залудно да си го губат времето, па имаат лоша навика да јадат многу брзо, од „на нога“ и недоволно ја џвакаат храната. Сакаат да ги споделуваат оброците, а мразат да јадат сами. Поради нивната динамичност препорачливо е да внесуваат храна богата со калории. Огнената природа на овенот влијае при изборот на зачини – колку полути, толку повкусни. Па, ако не сте љубители на лутото, нивните јадења нема да го задоволат вашиот вкус. Овните имаат голем апетит и сакаат да експериментираат со храната. Лошото е што понекогаш не внимаваат што консумираат, па тоа може да биде причина за појава на здравствени проблеми. Совет: Јадете ја храната бавно и избегнувајте алкохолни пијалаци. БИК Биковите се вистински гастрономи. За нив е карактеристично што имаат голем апетит и што знаат на посебен начин да го ценат сетилото за вкус и да уживаат во храната. Независно што јадат, го сакаат во големи количини и никогаш не штедат кога станува збор за квалитет. Само најдоброто може да ги задоволи максимално. Држењето диета е вистинско измачување за нив, а готвењето – вистинско задоволство. Од претставниците на овој знак може да научите многу нови рецепти и несекојдневни комбинации на вкусови. Најголем предизвик им е да се откажат од јадењето на слатка и чоколадна храна. Родените во овој знак не сакаат да бидат вознемирувани додека јадат, бидејќи сакаат да се чувствуваат релаксирано и пријатно. Ако излегувате со претставник на знакот бик, веројатно ќе ве одведе во ресторан со богато мени и одлична храна. Доколку разговарате со бик за здрава исхрана, тој многу лесно ќе ве убеди дека не постои нездрава храна и дека сè е корисно за телото ако е приготвено на правилниот начин. Совет: Не претерувајте со слатките. Обидете се да ги замените со благо овошје. БЛИЗНАЦИ Близнаците не се меѓу личностите кои страдаат од вишок на килограми, затоа што никогаш не ги празнат чиниите целосно. За нив е поважно да каснат малку и што побрзо, за да имаат повеќе време за добар разговор. Мразат да јадат сами, обожаваат друштво на трпезата. Ако сте на иста маса со претставник на близнаци, бидете сигурни дека во ниту еден момент нема да ви е здодевно – нивните зборови се хипнотизирачки. Можеби јадењето не им е од омилените активности, но затоа пак готвењето им е особено привлечно. Кујната е местото каде знаат да ја покажат својата креативност, талентот за комбинирање на состојките и храброста за експериментирање. Дури и најголемите традиционалисти не можат да ѝ одолеат на храната приготвена од претставник на знакот близнаци. Разнообразната храна е задолжителна на нивното мени. Се смета дека близнаците најретко страдаат од заболувања предизвикани од консумација на нездрава храна. Совет: Избегнувајте го внесувањето на големи количества алкохол и мрсна храна за да немате проблеми со стомакот.   РАК Раковите се надалеку познати по нивните кулинарски вештини, па често меѓу нив има професионални готвачи, сопственици на ресторани, но и одлични домаќини кај кои секој би сакал да престојува. Ја обожаваат домашната храна, приготвена по рецептот на баба. Секогаш купуваат скапи, но квалитетни намирници и затоа на нивните специјалитети никој не може да им одолее. Претставниците на знакот рак се склони да јадат брзо, дури и по малку агресивно и мразат да ја делат својата порција. Нивна лоша страна е што не се грижат за сопственото здравје и често се прејадуваат, особено кога се нервозни. Поради нивниот чувствителен стомак често треба да го контролираат својот огромен апетит. Од друга страна, пак, раковите се одлично друштво на трпезата. Тие секогаш инспирираат со приказните за своите специјалитети, рецепти, потеклото на храната итн. Совет: Контролирајте го апетитот кога сте нервозни.
Слично

Поврзани вести