Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исходот од преговорите во Брисел – нова средба

Исходот од преговорите во Брисел – нова средба

Очигледно посакуваниот излез од политичката криза денеска во Брисел не вроди со позитивен резултат.

Владеачката партија на ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денеска во одделни преговори зад затворени врати разговараа со европратениците за надминување на политичката криза која со денови ја тресе земјава.

Имено, исходот од овие средби со кој и двете партии се согласуваат е дека е неопходно разговорите да бидат продолжени.

Опозицијата беше претставувана од страна на Радмила Шеќеинска, Рената Дескоска и Виктор Габер додека владеачката партија ја преводеше Никола Попоски заедно со Никола Тодоров и Илија Димовски.

Познато е дека и двете партии во текот на преговорите останале на нивните привични позиции со кои опозицијата бара оставки и преодна влада, додека власта бара опозицијата да се врати во Собрание и смета дека случајот „Пуч“ ќе се реши со правна разврска.

Следната рунда преговори се најавува за во средината на април, исто така во Брисел со посредство на тројцата европратеници.

Слично

Поврзани вести