Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСЕЛУВАЊЕ ИЛИ ВРАБОТУВАЊЕ: Македонија останува без работници

ИСЕЛУВАЊЕ ИЛИ ВРАБОТУВАЊЕ: Македонија останува без работници

Според економистите, намалувањето на активното население, кое ги опфаќа оние кои се над 15 години, и се невработени или бараат работа е резултат на неколку фактори, но пред се овие бројки се оценуваат како последица на иселувањето. 

“Овој тренд е под влијание на две бројки, односно две состојби. Прво, варира бројката на вработени, односно не може точно да се утврди колку граѓани од сивата економија добиле статус на вработени, а потоа повтрно останале без работа. Оваа бројка варира и сметам дека влијае врз бројот на вработени и невработени што го сочинуваат активното население. Второ, што е е уште поважно, стапката на активно население се намалува како резултат на иселувањето. Ние секојдневно имаме работоспособни граѓани, без разлика дали се вработени или не, што ја напуштаат земјата“, вели политикологот и колумнист Соња Стојадиновиќ.

“Намалената стапка на невработеност е резултат на неколку мерки, односно фактори. Најпрво, тука се вработувањата во администрацијата. Потоа следуваат мерките на Владата за вработување во приватниот сектор, кои се нарекуваат активни мерки но тие имаат краткорочен ефект и се со буџетска поддршка. Сега се случува и операцијата за трансформација на вработени во државен сектор, и сите овие мерки имаа повеќе козметичка отколку економска димензија“, велат универзитеските професори..

Младите воопшто не се задоволни од условите што им ги нудат општините во кои живеат.

Дури 63,4% од вкупниот број испитаници не се задоволни од вработувањето, здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина и друго. Најнезадоволни се младите од Пелагонискиот регион - 51,7% и оние од Североисточниот регион - 40,4%.

Ова се резултатите до кои дојде НВО Инфоцентарот во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Осми Септември и Центарот за развој на медиуми, кои направија анкета во периодот ноември 2015 – јануари 2016 година.

Оваа анкета има за цел да ги истражи мислењата и ставовите на младите луѓе за две теми: планирање на семејството и миграциите. Со анкетата се опфатени вкупно 503 испитаници на возраст од 20 до 35 години, во сите плански региони.

Сликата за незадоволството на младите луѓе станува уште подраматична со прашањето за тоа какви се условите за вработување во општината во која живеат. Дури 83,3% од испитаниците оценуваат дека условите за вработување се лоши. Младите од Североисточниот регион се најнезадоволни 94,8%, а потоа следат оние од Пелагонискиот (91,8 %) и од Вардарскиот регион (91,2 %). 

Слично

Поврзани вести