Исечени и последните дрвја на плоштадот, почна да се гради споменикот на Мајка Тереза
На местото на костените кои беа обележје на Скопје, на плоштадот „Македонија" започна изградбата на новиот споменик на Мајка Тереза.
Споменикот ќе има висина од 32 метри, а од Министерството за култура е именувано како „објект со скулптурална композиција“.
Скулптурата ќе се состои од порта, украсена со богата релјефна пластика во бел мермер на која ќе бидат поставени бронзени скулптури, ќе има и неколку ангели како и фонтана со ефект на магла.
Проектот ќе го гради скопски „Бетон“ и треба да биде готов за 18 месеци.
За изградба на споменикот фирмата од Министерството за култура доби околу 5,6 милиони евра. Зад идејното решение за споменикот стои Валентина Стефановска и Кирил Мукаетов.
Овој споменик требаше да биде донација и Индиецот Субрата Рој, но откако тој заврши во затвор оваа градба одлучи да ја финансира министерството.
