ИСЧЕЗНУВААТ ЦЕЛИ ГРАДОВИ:За две години 80.000 граѓани ја напуштиле БИХ
За само две години, 80.000 луѓе ја напуштиле БИХ.
Од земјата се иселуваат Босанци, Срби и Хрвати. Направено е истражување во целата земја од јули 2013 година до 2016 година, при што таргет биле повратнички семејства, но шокантни се податоците за иселувањето. Се иселуваат луѓето од Зворник, Бјелина, Брчко, Тузла и други градови. Си заминуваат од земјата не само луѓето кои немаат работа, туку и цели семејства кои веќе имале заснован работен однос. Градови како Томиславград, Ливно, Дрвар исчезнуваат. Се иселуваат млади луѓе и семејства, а постарите граѓани остануваат да живеат во БИХ.
Слично
