Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исчезнуваат трговските гиганти какви што ги знаеме, време е за ланците кои се адаптираат на новото време!

Исчезнуваат трговските гиганти какви што ги знаеме, време е за ланците кои се адаптираат на новото време!

“Последен тренд во прехранбената индустрија, за разлика од сегашниот тренд на мега-супермаркети, се помали продавници со поголем спектар на избор на храна, со прилагодливи модели и концепти”, тврди Американецот Фил Лемперт, планетарно познат како Супермаркет Гуру!

“Стратегиите и бизнис политиките ги развиваме со флексибилни параметри. Тоа го правиме и со зголемена понуда на производи по конкурентни цени, со сопствени брендови на продукти, сами произведуваме зеленчук и овошје, лансираме Програми за лојалност”, вели Далибор Ѓошевски, Извршен директор на Жито Маркети, најбрзорастечкиот домашен ланец на супермаркети.

Паметниот фрижидер сам ги нарачува неопходните продукти за домот. Пресметувајќи ги залихите, потрошувачката и потребите на сопственикот, паметниот фрижидер, поврзан на глобалната мрежа, автоматски ја прави нарачката на намирниците во продавница. Услугата за достава на храна дома ја извршуваат дронови...

Со оглед на експлозивниот развој на комуникациите, можеби, ова е претпоставена слика од и не така далечната иднина. А, за иднината, поблиската, онаа што доаѓа од зад аголот, сосема е извесно дека навиките за купување полека, но сигурно, се менуваат. Ова го тврди Американецот Фил Лемперт или попознат во планетарни рамки како Супермаркет Гуру!

Со целата негова биографија, од првото вработување во МекДоналдс во раните седумдесетти од минатиот век, до основањето и уредникувањето на мега-популарниот сајт SupermarketGuru.com, Ламперт денеска е еден од најпочитуваните и најцитираните светски аналитичари во индустријата на храна и трговијата со храна и прехранбени артикли.Fil Lempert

Заради сето ова, со неговиот професионален багаж, кога тој тврди дека трговијата, каква што денеска ја познаваме, ќе исчезне во блиска иднина, вреди да се земе в предвид. Лемперт смета дека, на крајот, технолгијата ќе биде клучна за развој на трговијата во годините кои доаѓаат. “Традиционалната трговија е праисториска“, е заклучокот на Лемперт, кој ја проучува динамиката на супермаркетите повеќе од 25 години, додавајќи дека: “Со таков концепт е завршено!“. Тој наведува дека последен тренд во прехранбената индустрија, за разлика од сегашниот тренд на мега-супермаркети, се помали продавници со поголем спектар на избор на храна и, притоа, предвидува дека моделот и концептот, каков што го имаат германските Лидл и Алди, ќе се покаже за успешен во иднина.

“Продавниците со прехранбени производи, трговските ланци или големите супермаркети, може да се соочат со најголемата промена во работењето во последните сто години”, вели Лемперт.

Каква е состојбата во оваа услужна индустрија во Македонија и ги следиме ли ние светските трендови во оваа сфера?

Dalibor GjosevskiПознавачите на домашните прилики велат дека промените веќе настапуваат, а со оглед на глобалната конкуренција, големите и гломазни системи на супермаркети се приморани на консолидација. Притоа, се наведува дека доминацијата на системите ја загрозуваат и проектите од типот “Да купуваме домашно“, кои стануваат се попопуларни во светот, па и во Македонија. На крај, но не помалку битно, проследувачите на трендовите во оваа индустрија се едногласни дека, во страв од генетски модифицирана храна, зелечук и овошје, купувачите се повеќе се одлучуваат да купуваат автохтони производи, со познато домашно потекло, какви што можат да се најдат во помалите системи на маркети.

“Постојано го чувствуваме пулсот на купувачот. Но, исто така, ги следиме светските искуства во индустријата во економиите со практики и експертиза далеку побогата од нашата. Навистина, дали заради светските рефлексии, заради економската моќ или заради новите концепти, навките и трендовите и кај нас еволуираат”, вели Далибор Ѓошевски, Извршен директор на Жито Маркети, најбрзорастечкиот домашен ланец на супермаркети.

Токму затоа, истакнува тој, Жито Маркети развива концепти на малопродажба кои се флексибилни кон моментумот на пазарот.“На дневна основа се прилагодуваме  на трендовите и барањата на потрошувачите, така што нашите стратегии и бизнис политики ги развиваме со флексибилни параметри. Меѓу останатото, ние тоа го правиме и со зголемена понуда на производи по конкурентни цени, а развивме и повеќе сопствени брендови  на продукти кои се локално произведени.

Исто така, препознавајќи ги тенденциите во индустријата, неколку години наназад започнавме и со одгледување на зеленчук и овошје, кои се наоѓаат во непосредна близина на Велес. Зеленчукот и овошјето произведени во сопствените насади секојдневно и свежи се наоѓаат како понуда во нашите маркети, но и извезуваме на повеќе пазари во регионот. Конечно, огромно внимание посветуваме на нашата Програма за лојалност и картичката - Навика да добивам повеќе, која нашите потрошувачи ја препознаа како креирање на однос на партнерство и доверба”, нагласува Ѓошевски. Тој забележува дека македонскиот купувач, иако детерминиран од длабочината на сопствениот џеб, станува се повеќе свесен за светските трендови и кога плаќа, сака да плати за квалитет по пристојна цена, во маркет кој го чувствува за свој, во пријатна атмосфера и  љубезен однос на вработените.

Klub_karticka

Каде се, всушност, зачетоците на оваа индустрија без која не можат да се замислат современите општества? Сè започна уште во 1916 година, кога во Мемфис, во американската држава Тенеси, се отвори Piggly Wiggly, првата продавница за самопослужување. Ваквото работење многу брзо стана модел за овој тип на индустрија.За период од пет години, малата продавница се прошири во 200 градови во 40 земји во Америка, со промет од 60 милиони долари, креирајќи светски прифатен тренд. Денес, според податоците од 2014 година, прехранбената индустрија со самопослужување во Америка генерира профит повеќе од 638 милијарди долари.

А, што бара македонскиот купувач од својот супермаркет? На ова прашање, како и на неколку други поврзани со навиките при купувањето на македонските граѓани, се обиде одговори да даде неодамна спроведената он-лајн и Фејсбук анкета, во период од еден месец на околу 1.200 граѓани. Без големи претензии да биде единствената вистина за оваа индустрија кај нас и да се градат научни трудови врз ова интернет истражување, но анкетата покажа резултати кои сосема одат на рака светските трендови и анализите на Супетмаркет Гуруто Ламперт. Така, најважните три карактеристики што произлегуваат од анкетата се дека, најнапред, за потрошувачите најважна е хигиената на маркетот, по што следува снабденоста со производи и, потоа, пристапните цени. Најмалку важни карактеристики им се брендот на супермаркетот во кој купуваат и неговиот ентериер. Од ова може да се заклучи дека се додека супермаркетот е чист и снабден со производи по цени соодветни за буџетот на семејството, близината на маркетот, неговиот бренд и модерен ентериер не се пресудни. Она што е од особена важност за потрошувачите, покажуваат одговорите на испитаниците, се програмите за лојалност на супермаркетите (како што се клуб картичките, попустите за редовни купувачи, купоните и слично: повеќе од една третина одговориле дека им е навистина битно маркетот да им нуди дополнителна вредност за производите кои ги купуваат.

“Нашите интерни истражувања за брендот Жито Маркети, кој веќе е присутен во речиси целата држава,велат дека него го препознаваат поголемиот дел од граѓаните. Но, она што за нас е најбитно и што го покажуваат сите истражувања, е дека пристапните цени им се најголемот приоритет на мнозинството од македонските граѓани. А, потрошувачите кои најчесто пазарат во Жито Маркети велат дека се задоволни од изборот на производи во маркетите и многу задоволни од цената на производите”, нагласува Ѓоѓевски, првиот човек на овој малопродажен ланец.

Статистиката вели дека за да преживее едно четиричлено македонско семејство за еден месец потребни му се 32.143 денари или 522 евра. Најголем дел од структурата на потрошувачката кошница отпаѓа за прехранбени артикли и пијалаци со 41,92 отсто, следува домувањето со 32,22 отсто, зад него се превозот - 7,28 отсто, хигиената - 6,74 отсто, а за култура и за здравје месечно од потрошувачката кошница завршуваат по 5,35 отсто. Според податоците на Заводот за статистика и измерeната нето плата, таа годинава се движи во рамките од околу 22.500 денари. Во споредба со вредноста на потрошувачката кошница и потрeбните пари за да се преживее месецот, тогаш на едно семејство со една просечна нето плата ќе му недостасуваат близу десет илјади денари или околу 150 евра за ги подмири трошоците .Овие параметри, всушност, се едни од генераторите на трендовите во трговијата со храна и прехранбени стоки: кој ќе биде доволно флексибилен и прилагодлив да понуди добар производ за прифатлива цена за домашниот буџет, кој ќе може да додаде дополнителна вредност во потрошувачката кошничка, тој ќе може да раскажува. А, останатите? Ако преживеат.

Слично

Поврзани вести