Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ВО ГРЦИЈА Е НАЈДЕНО МРТВО: Ја убил вујкото

ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ВО ГРЦИЈА Е НАЈДЕНО МРТВО: Ја убил вујкото

Исчезнатото девојче од Грција е пронајдено мртво и со убодни рани во вратот. 

Како што пишуваат грчките медиуми, роднина на девојчето го признал делото. Василики Николопулу исчезнала вчера од областа Миртија во Пиргос, а денеска е пронајдена во областа Катарача со убодни рани на вратот. Исчезнувањето на девојчето го пријавила нејзината мајка и беше активиран Amber alert.

Службениците за обезбедување на Пиргос на снимката од надзорните камери виделе дека девојчето влегло во автомобилот на нејзиниот вујко и дека заедно ја напуштиле Миртија. Тој наводно ја прободел со шрафцигер во вратот.

Во полициска станица е донесен и вујкото на детето, кој на рочиштето признал дека го убил детето.

Инаку, според грчките медиуми вујкото и претходно бил обвинет за силување малолетничка.

Неодамна имаше случај со романско семејство каде вујко силуваше и уби девојче. 

Слично

Поврзани вести