Исчезнатиот Матеј Периш вчера бил активен на Вибер
Mладиот Хрват кој исчезна во Белград, Матеј Периш вчера бил активен на Вибер.
Според српските медиуми Матеј бил достапен во 21 часот и 58 минути. Медиумите претходно објавија дека неговиот телефон последен пат е лоциран ноќта на неговото исчезнување во близина на остров во Сава. Периш исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември. Вечерта тој бил во клубот „Готик“ со пријателите, за да го напушти клубот нешто по полноќ, а потоа е снимен со неколку надзорни камери – како трча, се обидува да запре такси и се спушта по скалите кон Сава. Потрагата по него трае веќе 23 дена.
Слично
