Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исчезнат, па пронајден бранител од Куманово

Исчезнат, па пронајден бранител од Куманово
Претседателот на здружението на бранители „Куманово 2001“, 47-годишниот Предраг Петрушевски - Бинго утрово бил пријавен за исчезнат, па полицијата започна потрага по него. Според полициски информации, за исчезнат го пријавиле членови на неговото семејство, откако тој не се вратил дома од вчера наутро. Петрушевски брзо бил лоциран и пронајден во викенд куќа на негов пријател во селото Драгоманце. Тој е здрав и жив, но нема повеќе детали зошто семејството пријавило негово исчезнување. Сопругата Маја утрово за кумановските портали објасни дека ова е првпат тој да не се врати дома цели 24 часа. „Отиде да купи бои за мебел, кои му се потребни за работа и не се врати. На мобилен телефон е недостапен, никој не се јави да ни каже дека некаде го видел“, рекла таа.  
Слично

Поврзани вести