Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исчезнаа кумановка, тетовчанка и маж од Скопје

Исчезнаа кумановка, тетовчанка и маж од Скопје

Исчезнаа две девојки од Куманово и Тетово и маж од Скопје.

Во Полициска станица Теарце, вчера околу 19 часот,  А.Љ. (46) од село Слатино пријавил дека на 11 мај околу 12 часот од неговата куќа во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А.Љ. (20).

Во Полициска станица Бит Пазар, вчера во 15 часот, Н.П. (56) од Скопје пријавил дека на 10 мај во 9.30 часот од дома во непознат правец заминал неговиот брат Р.П. (39) од Скопје. Истиот се јавил на неговата сопруга и кажал дека со ПМВ „Форд Галакси “ непознат регистарски број ќе патува службено за Турција.

Во СВР Куманово, синоќа во 22 часот, Џ.Б. (27) од Куманово пријавил дека на 13 мај околу 13.30 часот од неговиот дом во непознат правец се оддалечила неговата сестра Ф.Б. (23) од Куманово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатите.

Слично

Поврзани вести