Иса Мустафа: Косово го осудува однесувањето кое и се заканува на Македонија
Премиерот на Косово Иса Мустафа денес во Љубљана изјавил дека Косово ќе помогне во спречување на ширење на насилството од Македонија и го осудил „однесувањето кое и се заканува на Македонија и кое може да го дестабилизира регионот“.
„Косово е заинтересирано за силна соработка помеѓу полицијата на Косово и Македонија поради расветлување на околностите на неприфатливата состојба ( Во Македонија)“, рекол Мустафа на заеднчката конференција за медиумите со премиерот на Словенија Миро Церар.
Тој рекол дека Косово ќе допринесе за оневозможување на ширење на насилството и дека нима ниту една причина насилството да се пренесе на Балканот или Европа.
„Потребно е одговорните да се изведат пред правдата и Косово ќе влијае на смирување на состојбата, да не дојде до ширење на насилство во регионот“, рекол претседателот на Владата на Косово.
Тој исто така потенцирал дека Косово ја зголемило контролата на границата и дека сорабтува и разменува информации со други безбедносни агенции во регионот со кои ги координира активностите.
